| четврток, 6 декември 2018 |

Продадени сите билети за Металург – Кил за осум минути!

Продажбата на нешто повеќе од 2000 билети за натпреварот од ракометната Лига на шампиони меѓу Металург и Кил беше завршена за само осум минути.
Од клубот наведуваат дека ова е рекордно брзо време за продажба на билетите кои беа останати во продажба и се изненадени од времето кое беше потребно да се направи тоа.
Дури 85 проценти од билетите беа купени онлајн. Симпатизерите одлучија дека така е полесно да се дојде до билет избегнувајќи ги гужвите пред шалтерите кои се правеа оваа година кога се работеше за продажба на билети од Лигата на шампионите.
Натпреварот се игра во сабота од 18.45 часот и Кил ќе биде пречекан во преполна сала и одлична атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top