| четврток, 6 декември 2018 |

Реконструирани две игралишта во скопската населба Железара

игралишта

Реконструирани се две детски игралишта во скопската населба Железара, кои се наоѓаат на улиците „Душан Тасковиќ“ и „Коце Металец“, соопштија од општината Гази Баба.

Игралиштата се опремени со детско-забавни реквизити, лулашки, клацкалки и лизгалки и со урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци.

Работите ги изведе фирмата Турбо Инжинеринг од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top