| четврток, 6 декември 2018 |

„Нирвана“ во Куќата на славните на рокенролот

RockHallofFameCharlesSykes

Гранџ-бендот „Нирвана“, глам-рокерите „Kис“, Питер Гејбриел и дуото Хол и Оутс се новите членови на Kуќата на славните на рокенролот во Њујорк. Меѓу новите членови на познатиот музеј се и кантри-ѕвездата Линда Ронстад и музичарот Kет Стивенс.
Најавниот говор за „Нирвана“ го одржа Мајкл Стајп, поранешниот водач на групата Р.Е.М.

– „Нирвана“ се бунтуваше против мејнстримот. Момците ја зборуваа вистината, а многу луѓе ги слушаа – изјави тој за групата чие постоење беше прекинато со смртта на пејачот Kурт Kобејн, кој се самоуби во 1994 година.
Првпат во историјата на оваа свеченост, место во познатиот музеј им беше доделено и на двајца музички менаџери – починатиот Брајан Епстајн, кој им донесе ѕвезден успех на „Битлси“, и Ендрју Луг Олдам, одговорен за кариерите на „Ролинг стоунс“, Род Стјуарт и на Ерик Kлептон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top