Претседателот на ДИК Никола Рилковски соопшти дека во избирачкиот список се регистрирани 1.779 572 гласачи, а според пристигнале податоци од 97,12% од избирачките места вкупен број на избирачи кои гласале е 832.008, односно 48,45% од запишаните гласачи.
Според Рилковски, од претседателските кандидати најмногу гласови добил кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов – 429.778 гласови или 51,66% (односно 24,15 проценти од запишаните гласови во Избирачкиот список).
За кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски гласале 311.258 гласачи, или во проценти 37,41 отсто од гласачите (односно 17,49% од запишаните гласачи)
За кандидатот на ДПА Илијаз Халими гласале 38.270 гласачи, во процент тоа изнесува 4,60 отсто (односно 2,15% од запишаните гласачи)
За кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски гласале 30.092 гласачи, или 3,62 проценти од гласачите (односно 1,69% од регистрираните гласачи)
Претседателот Рилковски соопшти дека оценката на Државната изборна комисија е дека гласањето во првиот круг од претседателските избори се спроведе мирно. Според информациите што ДИК ги добил од Општинските избори комисии сите гласачки места биле отворени на време, а во текот на гласањето е регистриран само еден инцидент и тоа на избирачко место во Неготино каде непознато лице искршило гласачка кутија по што гласањето било прекинато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот