| четврток, 6 декември 2018 |

Тушева: Ѓорге Иванов води пред Стево Пендаровски (видео)

Од 3.478 избирачки места, Аналитичкиот центар на Социјалдемократскиот сојуз досега има обработено податоци од 1.645 избирачки места.

Во бројка на гласови, тоа значи дека Ѓорге Иванов води пред кандидатот за претседател Стево Пендаровски со 45 илјади гласови. Или, 165 илјади гласови за Пендаровски наспроти 210 илјади гласови за Иванов, изјави Маринела Тушева, портпарололка на кампањата.

Податоците од речиси половина од гласачките места не се обработени, со нови информации ќе излеземе веднаш штом ќе бидат обработени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top