| четврток, 6 декември 2018 |

Драмата на „Енфилд Роуд“ за Ливерпул, победа против Манчестер сити за титула

Драматичен меч на „Енфилд Роуд“ одиграа двата од трите најсериозни кандидати за титулата во Премиерлигата, а слави Ливерпул по победата против Манчестер сити со 3-2.

Кутињо беше стрелец на победничкиот гол во 78 минута, а Ливерпул претходно прокоцка убедлива предност од 2-0. Стерлинг и Шкртел погодоија во првиот дел, а по 45 минути домашните водеа со 2-0. Во второто полувреме со голот на Силва и автоголот на Џонсон, Сити израмни на 2-2, потоа Џеко промаши чиста шанса за комплетен пресврт, а гостите ги казни Кутињо со клучен гол за победа на Ливерпул од 3-2.

Ливерпул е лидер со 77 бода од 34 меча, 5 боа повеќе од Челси, кој попладнево игра со Свонси на гости. Манчестер сити има 70 бода и два меча помалку од Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top