| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелија: До 10 часот гласале 11,10 отсто од запишаните избирачи

izbori-13

До 10 часот во општина Гевгелија гласале 11,10 отсто од запишаните 19.509 граѓани или вкупно 2.165 во 37-те избирачки места.

– Изборниот процес се одвива без неправилности, во најдобар ред. Граѓаните гласаат достоинствено, во демократска атмосфера и се надеваме дека така ќе биде до затворањето на гласачките места – изјави претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Ѓорги Чавдаров.

Изборниот процес се одвиава без пречки и во општина Богданци каде излезеноста до 10 часот е 12 отсто.Од запишаните 7.009 гласачи на 12-те избирачки места гласале 815 лица.

Во општина Дојран гласаат 2.776 граѓани на осум избирачки места. Според претседателот на ОИК Љупчо Кадиев, заклучно со 10 часот правото на глас го искористиле 312 граѓани или 11,2 отсто од гласачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top