
Дарко Алексов од граѓанската асоцијација МОСТ
Неколку помали неправилности забележалале набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ која утрово ја одржа првата конференција за печатот. Нерегуларностите главно се однесувале на доцнење на отворањето на гласачките места.
Во општина Демир Хисар едно гласачко место било отворено во 7,33 часот поради тоа што на кутијата за гласање пишувало избори за пратеници. По реакција на ИО, била донесена соодветната кутија.
На гласачкото место 2.861/1 во општина Центар забележано е читање на глас на имињата на гласачите од страна на ИО. Гласачко место 1.954 во општина Тетово е отворено со задоцнување од 10 минути поради доцнење со процедурата на подготовка за отворање. На гласачкото место 1.686 во општина Свети Николе, забележан е пропаганден материјал пред гласачкото место. Во истата општина, на гласачкото место 1.680 забележани се неколку лица во дворот на здравствениот дом кои ги евидентираат лицата кои влегуваат на гласачкото место, соопшти Сарко Алексов, извршниот директор на МОСТ.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080
080 080 080.
Доколку граѓаните не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната izbirackispisok.gov.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


