Изборните процеси во Прилеп и Штип засега се одвиваат без никакви проблеми, а според информациите кои пристигнаа од ОИК-Прилеп, сите 142 избирачки места биле навремено отворени точно во 7 часот, а правото на глас можат да го остварат вкупно 64.567 граѓани.
Исто како и во Штип и во Кривогаштани и Долнени гласањето во првиот круг од претседателските избори стартуваше навремено и засега се одвива во најдобар ред.
Како што информираат од општинските изборни комисии, во Кривогаштани на 13 избирачки места за гласање се евидентирани 4.743 граѓани, а во општина Долнени на 40 избирачки места 11.037 избирачи.
Наврме беа отворени и 80-те избирачки места во Штип, каде граѓаните ќе можат да го остварат своето право на галс за избор на претседател.
Првиот час од денешните преседателски избори поминал во фер и демократска атмосфера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.