| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите ќе ги следат 9.155 домашни и 489 странски набљудувачи

izbori-43

За следење на претседателиските избори кои почнаа утрово во 7 часот, се акредитирани 9.155 домашни и 489 странски набљудувачи. Има и 222 преведувачи.

За следење на денешните избори акредитирани се триесетина странски новинари од пет медиуми.

Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), НВО МОСТ акредитирала 1.790 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 4.970, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.304, ЦИВИЛ-Центар за слобода 50 набљудувачи, Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите – Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 202 набљудувачи, ОБСЕ 91 набљудувач, Парламентарното собрание на Советот на Европа 21, ЕУ – 27 набљудувачи, амбасадите на САД – 27 набљудувачи, на Шведска 13, на Италија 12, на Турција – 11, на Франција осум, на Бугарија и Холандија  по шест, на Косово – пет, на Словенија – четворица, на Полска, на Грција, на Австрија и на Шпанија по тројца, на Хрватска, на Кина и на Словачка по двајца набљудувачи, на Германија, Катар, Црна Гора и Србија по еден набљудувач и на Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ – 31 набљудувач.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top