| четврток, 6 декември 2018 |

Цивил ги распореди своите мобилни набљудувачи

 civil

Цивил денеска изутрина распореди 75 мобилни набљудувачи низ целата земја. Нивната задача е да го набљудуваат изборниот молк и утрешниот ден на гласање. Покрај акредитираните набљудувачи, Цивил, преку својата мрежа на соработници и активисти, во соработка со повеќе невладини организации во земјата, изборниот процес го набљудува со уште поголем број набљудувачи.

За вториот круг на гласањето за претседателските и вонредните парламентарни избори на 27 април, Цивил ќе има зголемен број на акредитирани набљудувачи.

Цивил апелира до сите учесници во изборната трка да се придржуваат кон Изборниот закон и кон принципите на фер и демократски натпревар и да овозможат слободни избори.

– Бараме од сите политички партии да го почитуваат изборниот молк и строго да се придржуваат кон Изборниот закон. Апелираме до сите граѓан(к)и да не подлегнуваат на провокации, уцени и закани од било која политичка структура. Воедно, ги потсетуваме дека гласањето е тајно и дека нема можност за надзор и контрола над гласањето. Гласините дека постојат разни техники и технологија за следење на гласњето се измислици. Ги охрабруваме да ја пријават секоја, и најмала нерегуларност во овој изборен процес – повикаа од Цивил.

Од вчера, Цивил активираше веб-страница на која граѓан(к)ите можат да пријавуваат изборни нерегуларности. Телефонските линии 02/5209176 и 075/707143 се активни подолго време и на нив може да се пријавуваат неправилности 24 часа дневно. Пријави за нерегуларности може да се испраќаат и на [email protected] или на Фејсбук страницата на Цивил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top