Ракометниот спектакл меѓу Вардар и Фленсбург на 26 април во Скопје ќе може да се проследи во живо од трибините во „Борис Трајковски“ за цена од 250 до 500 денари.
Толку ќе чинат влезниците за реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите во кој „црвено-црните“ од Скопје ќе се обидат да ја испишат историјата и да се пласираат на фајналфор турнирот во Келн.
За првиот дуел во понеделник на 21 април во Германија, влезниците ќе чинат од 7 до 25 евра во „Фленс“ арената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


