Медиумскиот моќник Руперт Мердок ја отвори душата во опсежното интервју за магазинот „Фортун“. Без премолчување проговорил за мачниот развод низ кој поминал со сега веќе поранешната сопруга Венди Денг, која наводно го изневерувала со поранешниот премиер Тони Блер.
На новинарот му раскажа сѐ за потресниот момент кога дознал за тајните викенди што неговата сопруга ги поминувала во друштво на Блер. Признал дека го скршило и шокирало сознанието дека неговата сопруга е во љубовна врска со друг маж. Додал дека во записите од нејзиниот дневник дознал дека кон него има „длабоки чувства“ и дека ѝ се чини дека „малку се вљубила“.
Со поранешниот премиер Денг се состанувала на ранчот на Мардок во 2012 и во 2013 година. Според информациите, времето заедно го поминувале и на јахта.
Мардок за аферата дознал додека престојувал во Австралија.
– Веднаш се вратив за да го испрашам персоналот. Се утврди дека знаеле сите. За тоа се говорело, но никој не сакал отворено да ми каже што се случува. Кога разговарав со нив, некои ми признаа дека понекогаш Блер преспивал наранчот. Еднаш ноќта ја поминал во спалната на Венди, а еден од вработените ми призна дека за нив особено незгоднат ситуација било кога вечерале заедно и се хранеле еден со друг. Значи тоа го правеле отворено, пред другите – рекол Мардок и додал дека една недела потоа поднел барање за развод. Нивниот брак официјално бил завршен во ноември минатата година по 14 години.
Мардок додал дека љубовните пораки од дневникот ги видел дури по разводот и дека записите му биле дополнителна потврда дека донел правилна одлука. Единствено што жали е тоа што аферата била објавена по медиумите.
– Би сакал сето тоа да можеше да се заврши во тишина – рекол Мардок.
Мардок и Денг имаат две ќерки, а на едната од нив Блер им е кум. Поранешниот британски премиер е оженет со Чери Блер и одбива да признае дека постоела каква било врска меѓу него и сопругата на Мардок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.