Француските царинарници заплениле 2,4 милиони фалсификувани лекови од кинеско производство, кои биле спакувани во кутии и се наоѓале во два контејнера. Лажните лекови – аспирин, средства против стомачни болки, сексуални стимуланси и други, кои биле декларирани како „кинески чај“, претставуваат најголемата пратка досега на фалсификувани лекови која е конфискувана од цариниците на ЕУ.
Претходната рекордна пратка, исто така, била запленета во францускиот град Авр во мај 2013 година, која изнесувала над 1,2 милион фалсификувани аспирини, потсетуваат царинските власти.
– Некои од лековите воопшто не содржат активно својство, што уште повеќе ја зголемува измамата на потрошувачите, а во други присуството на активно својство не одговара на дозата на автентичниот производ и може да доведе до опасност по здравјето на пациентите, потврди раководството на царината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.