Австралиската компанија „Гамут глобал оперејшн“ ќе развива бизнис-софтвер во Македонија. Денеска официјално ја отвори канцеларијата во земјава на што присуствуваше министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.
– Идејата да дојдеме во Македонија се должи на позитивната инвестициска клима, конкурентната цена и пристапот до квалитетен кадар кој ги исполнува условите кои ни беа потребни. Исто така, посветени сме во обезбедувањето македонски персонал со пристап до најновата опрема, алатки и процеси за да се придонесе во подобрување на вештините и овозможување продуктивен капацитет – изјави претставникот на компанијата, Џон Бургес.
Компанијата планира да прерасне во голема македонска компанија, со идеја да префрли дел од операциите од Австралија во Македонија.
Министерот Ивановски оцени дека отворањето на претставништвото претставува вистинска можност за развој на компанијата.
– Македонија поседува квалитетен кадар и човечки ресурси кои со своите способности активно ќе можат да се вклучат во работата на компанијата. Посебно е значајно тоа што во наредниот период планира и зголемување на бројот на работните места – рече министерот Ивановски.
Своето претставништво во Македонија компанијата го формира во февруари 2014 година. Компанијата развива бизнис-софтвер од 1984 година, а нејзините производи ги продава во Австралија и во Северна Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме