Звонко Шундоски е најсериозен кандидат за нов селектор на романската ракометна репрезентација, што е признание за добрите резултати на тренерот од Македонија. Популарниот Шундо со успех ја предводи Констанца, екипа што игра во четврт-финалето на Kупот на ЕХФ, па според романските медиуми добил и понуда од федерацијата да го преземе и кормилото на романската репрезентација.
Шундоски ја предводеше Македонија до најголемиот успех во Србија на ЕП кога бевме петтопласирани, а неговото „клавајте голови“ на еден од тајмаутите стана хит кај нас.
Романија летово ќе игра против Шведска во бараж-двомеч за пласман на Светското првенство во Катар во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.