| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед во Лига на шампиони, здравје од 2015 година

Манчестер јунајтед во Лига на шампиони, здравје од 2015 година. Со таков наслов англиските медиуми ја коментираат елиминацијата на „црвените ѓаволи“ од Баерн во четврт-финалето на луксузното клупско фудбалско натпреварување.

„Кулминација на агонијата за Дејвид Мојес и Манчестер“, пишува „Дејли меил“, со потсетување дека трофејниот англиски клуб речиси нема шанси за настап во следното издание на Лигата на шампионите.

Моментно клубот од „Олд трафорд“ е на седмата позиција во Премиер лигата со 57 бода од 33 натпревари, а екипите до четвртата позиција ќе играат во следниот циклус од ЛШ.

Јунајтед треба да одигра уште 5 натпревари во Премиер лигата, а заостанува 7 бода зад четвртопласираниот Арсенал. Пред нив е и Евертон со 6 бода повеќе и еден меч помалку, потоа и Тотенхем со 59 бода, што значи дека треба да се случи чудо за да се обезбеди пласман во ЛШ и гледачите на „Олд трафорд“ повторно да гледаат натпревари од престижното европско натпреварување.

„Исчезна за 22 секунди. Толку траеше предноста на Манчестер во Минхен. Само 10 минути подоцна Јунајтед беше елиминиран од Лигата на шампионите, а ќе чека нов настап најмалку 18 месеци“, е коментарот на новинарите од „Дејли меил“.

evra

Манчестер поведе во Минхен синоќа со фантастичниот погодок на Патрис Евра во 57. минута. Само 22 секунди подоцна израмни Марио Манџукиќ, а во 68. минута со голот на Томас Милер, Баерн направи пресврт за полуфинале, што со уште еден погодок во 76. минута го потврди Арјен Робен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top