| четврток, 6 декември 2018 |

Лас Вегас го има највисокото панорамско тркало

панорамско тркало2

Лас Вегас, познат по најголемите коцкарници во светот, сега стана познат и по тоа што го има највисокото панорамско тркало на светот, кое е високо 167 метри.

панорамско1

Управата на градот за следната година издвои буџет од 120 милиони долари за изградба на нова градска инфраструктура со цел да привлече повеќе туристи.

Една од последните инвестиции на градската управа на Лас Вегас е големото тркало со панорамски поглед на градот, кое со својата гигантска величина го плени погледот на туристите и жителите на градот. Панорамското тркало има 28 кабини и во еден момент може да прими 1.120 лица, а еден круг возење трае половина час. Додека трае возењето има посебна музика и видеоефекти.

лас вегас

Дневната карта чини 25 долари, а ноќната е 10 долари поскапа.

Во Лас Вегас мометно живеат околу 600.000 жители, а секоја година градот го посетуваат 40 милиони туристи.

панорамско тркало1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top