| четврток, 6 декември 2018 |

Рафаел Кореа реизбран за претседател на Еквадор

Актуелниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа е победник на претседателските избори во земјата, покажуваат анкетите направени неколку минути по затворањето на гласачките места.

Според резултатите од анкетите направени од три приватни агенции за истражување на јавното мислење Кореа освои од 58 до 61 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Гиљерм Ласо добил меѓу 20 и 21 процент. Според тамошните медиуми, Кореа веќе се прогласил за победник на изборите. Тој прв пат стапи на оваа функција во 2007 година со што воспостави политичка стабилност во земјата. Пред него, во последните десет години Еквадор имаше седум претседатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top