| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Мојот концепт е еднаквост за сите

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски денеска имаше средби со жителите на селата Алданци, Норово, Житоше, Црнилиште во прилепско-крушевскиот регион.

Нивните поплаки дека немаат асфалтирани улици, канализација, вода во летните месеци, за Пендаровски се, како што рече, дополнителен мотив во претстојната изборна трка.

– Концептот за соживот кој го предлагам, тука функционира одлично. Мојот концепт е еднаквост за сите. Македонија не би била среќна земја, ако не е обединета во различностите. Ветувам дека ќе работам за сите подеднакво, ќе работам за нашата подобра иднина и иднина на нашите деца и внуци – истакна Пендаровски во Житоште.

Според него, трудот и маката на секој поединец мора да се плати, а делбите меѓу граѓаните се недозволени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top