| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски на средби со граѓаните во прилепско-крушевскиот регион

Кандидатот за претседател од коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, попладнево од општина Крушево повика на општа мобилизација на првиот круг од гласањето на претседателските избори.

Toj пред крушевчани ја презентираше програмата, порачувајќи им дека од нив очекува да направат двојна разлика.

– Од граѓанско, цивилизациско и револуционерно Крушево очекувам историска победа – порача кандидатот за претседател на СДСМ.

Граѓаните му се пожалија на Пендаровски дека иселувањето е главен проблем и во Крушево. Според Пендаровски, главната причина за иселувањето е што Македонија е изолирана земја.

Кандидатот за претседател на СДСМ попладнево ја продолжи својата агенда во Кривогаштани, Долнени и Прилеп и околните места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top