| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот институт во Скопје одбележува 40 години постоење

Вечерва со почеток во 20 часот, во своите простории, Францускиот институт во Скопје свечено ќе го одбележи овој јубилеј преку пригоден говор на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, во присуство на  на г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, Министер за култура на Македонија.

Во рамките на вечерта ќе биде прикажан и видео-клип за Францускиот институт во Скопје, изработен од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје, а предвиден е и коктел со француска музика со диџеј Дарко.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top