Вечерва со почеток во 20 часот, во своите простории, Францускиот институт во Скопје свечено ќе го одбележи овој јубилеј преку пригоден говор на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, во присуство на на г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, Министер за култура на Македонија.
Во рамките на вечерта ќе биде прикажан и видео-клип за Францускиот институт во Скопје, изработен од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје, а предвиден е и коктел со француска музика со диџеј Дарко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.