Од четврток, 10 април, од скопското кино „Милениум“ најавуваат три премиери кои ќе бидат на редовниот репертоар. Станува збор за анимираниот филм „Рио 2“, кој е продолжение на „Рио“. Во вториот дел ќе гледаме комична приказна за семејство папагали кои од урбаниот градски метеж се селат во бурниот свет на џунглата.
Во вечерниот термин публиката ќе има можност да ги проследи акциониот „Нон-Стоп“ (20 часот), со Лиам Нисон во главната улога и најновиот филм на Монти-пајтоновецот Тери Гилијам, „Нулта Теорема“ (22 часот), приказна за луд научник кој ја бара смислата на животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Вдовици“ од МекКвин пристигнува во кината
-
Кренаре Невзати- Кери го постави Шекспир за деца во Театарот за деца и младинци
-
Од денеска во скопското кино „Милениум“ се прикажува најновиот филм на Милчо Манчевски „Бикини Мун“
-
Македонска премиера „Бикини Мун“ на Манчевски: Повеќе сакам да пишувам отколку да режирам