Информацијата дека Вејн Руни е спремен за реванш натпреварот во Лигата на шампиони против Баерн Минхен на „Алијанц арена“ ја потврди и тренерот на Манчестер Дејвид Мојес.
– Сметаме дека Вејн е добар, нормално тренираше и е подготвен за игра. Сите го познаваат неговиот карактер, одлучен е да игра, би биле луди ако не му дозволиме – изјави Мојес.
– Можеби Барселона и Баерн се фаворити за поголемиот дел од јавноста, меѓутоа, не победуваат секогаш фаворитите. Кога Челси ја освои Лигата на шампиони, претходно три пати беше блиску до испаѓање во раните фази, ние веруваме дека ќе поминеме понатаму, имаме квалитетни играчи – додаде Мојес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.