| четврток, 6 декември 2018 |

Халими: Никој не го поддржува бојкотот на ДУИ

ilijaz

Ние сме сериозна партија и направивме длабока анализа по што донесовме решение дека е многу подобро јас да бидам кандидат на претседателските избори бидејќи сметавме дека би било национална катастрофа доколку Албанците немаат ниту еден кандидат. Со тоа ќе покажевме дека сме неорганизирани како народ, без критериуми и кадри што би можеле да излезат на претседателски избори – изјави кандидатот за претседател на Македонија од ДПА Илјаз Халими на вечерашниот митинг во Тетово.

– Задоволен сум оти со мојата кандидатура им излегов во пресрет на барањата од многу граѓани, организации и институци. Бојкотот на ДУИ никој не го подржува. Напротив, стигнуваат осуди и од САД и од Советот на Европа што уште еднаш потврдува дека имавме право што се вклучивме во претседателските избори – рече Халими.

Претседателот на ДПА и носител на листата за пратеници од оваа партија за изборната единица шест Мендух Тачи истакна дека е горд што го претставува населението од овој дел на градот од каде и самиот тој потекнува.

– Почестен сум дека ве претставувам вас бидејќи населението од овој дел на Тетово 20 години не подржува и гласа за нас и нашата политичка платформа. Од друга страна Али Ахмети од ДУИ се претставува како газда на Албанците но тој не ги почитува гласовите на Албанците и нема вистински легитимитет бидејќи бројките што ги добива се резултат на полнење на кутии особено во Кичево, Зајас и на други места. Сепак последните анкети покажуваат дека нашиот рејтинг расте и оти сме многу блиску до нив, рече Тачи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top