| четврток, 6 декември 2018 |

Според СЗО: Повеќе од 100 лица починале од ебола во западна Африка

ebola

Повеќе од сто луѓе починаа од ебола во западна Африка, а 175 се заразени минатиот месец кога изби епидемијата, соопшти Светската здраствена организација (СЗО).

Според информациите од Министерството за здравство на Гвинеја постои сомневање дека има 151 потврден случај на ебола и оти 98 луѓе починале.

СЗО соопшти дека во Либерија се регистрирани десет смртни случаи и 21 заразени, во Сиера Леоне евидентирани се два сомнителни случаи и шест во Мали, додека тестовите на ебола во Гана биле негативни.

Во Гекеду, гвинејски град од 220.000 жители, во близина на границата со Либерија и Сиера Леооне постои импровизирана клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top