| четврток, 6 декември 2018 |

Делев: Еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ е развојот на економијата

delev

Еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ е развојот на економијата преку конкретна подршка на малите и средни претпријатија, како еден од начините за отворање на нови работни места. Тоа е содржано и во нашата нова програма која нуди сеопфатни проекти кои ја разработуваат токму оваа сфера, истакна денес Кристијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги посочи проектите кои ќе се реализираат во насока на зајакнување на поддршка на малите и средни претпријатија ќе се реализираат и следните проекти:

1.  Проект: Издавање на сите нефункционални објекти во државна сопственост по пристапни цени

Сите неактивни, руинирани и нефункционални објекти во државна сопственост ќе може да се дадат под закуп на заинтересирани лица од приватниот сектор за минимален, симболичен надомест, а за возврат приватниот партнер ќе треба да ги уреди и да работи во нив и дополнително да вработи луѓе. Со оваа мерка ќе им се овозможи на малите фирми кои не можат да си дозволат сопствен простор или да плаќаат скапа кирија, да се здобијат со потребниот простор за проширување на бизнисот, а државата ќе ги стави во функција објекти кои не се користат.

2.   Ќе извршиме докапитализација на МБПР со 10 милиони евра за поддршка на извозот и земјоделието

Овие средства ќе бидат на располагање на домашните фирми за две намени: финансирање на производство наменето за извоз и финансирање на земјоделското производство, откуп и извоз на земјоделски производи.

Посебен фокус во нашата програма ќе посветиме на отворање на нови рудници за експлоатација на металични минерални суровини. Овие рудници ќе бидат извор на нови работни места во економијата.

Во делот на експлоатацијата на минералните суровини планираме продолжување на активностите преку следење на постојните и доделување на нови концесии и отворање на нови рудници за експлоатација на металични минерални суровини.

Во наредниот период од 4 години, доколку нема нова надворешна криза во Европа и светот, се очекува да се отворат следните рудници:

1. Рудникот за манган Стогово ќе започне со работа во текот на месец мај 2014 година. Паралелно со ова, ќе се работи на отворањето на уште три други експлоатациони полиња за експлоатација на манганот.

Придобивките од отворањето на овој рудник се повеќекратни, односно предвидено е вработување на најмалку 350 работници, пред се од општините Кичево и Дебарца, како и поголем обем на работа и искористување на железницата. Рудата ќе се топи и преработува во Македонија и со тоа ќе се добиваат полупроизводи и финални производи кои ќе го зголемат извозот од Македонија и девизниот прилив.

2.Во Јануари 2014 година се додели концесија за експлоатација на железо од Рудникот Тајмиште во Кичево. Оваа концесија ќе придонесе за повторно заживување на Рудникот Тајмиште во кој се уште има големи резерви на железо.

Се очекува Рудникот да започне со работа во првата половина на 2016 година и во истиот ќе се ангажираат од 300 до 400 работници од кичевскиот регион. Придобивки од отворањето на овој рудник ќе имаат и услужните компании од регионот кои ќе се ангажираат во тековното работење на истиот.

3. Во 2012 година на локалитетот „Иловица“ во општина Босилово доделена е концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро. Во постапка е изработката на техничката рударска документација за отворање на овој рудник, кој се очекува да биде најголем рудник во регионот. Рудникот треба да започне со работа во 2016/2017 година и се очекува да има над 500 вработувања од струмичкиот регион.

Од отворањето на овој рудник бенефит ќе има целокупната економија, а особено компаниите од регионот кои ќе се ангажираат од страна на инвеститорот за разни видови на услужни дејности.

4.Во завршна фаза се истражувањата за бакар, злато и сребро на локалитетот „Плавица“ во општините Пробиштип и Кратово. Во тек е подготовка на техничката документација за добивање на концесија за експлоатација. Овој рудник се очекува да започне со работа во текот на 2017 година каде ќе бидат ангажираат најмалку 300 работници.

5.Во февруари 2014 година доделена е концесија за детални геолошки истражувања на бакар на локалитетот „Казандол“ во општина Валандово. По завршувањето на истражувањата, во наредниот период од две до три години се очекува да се отвори рудник за експлоатација на бакарот, а исто така ќе се отвори и фабрика за преработка на истиот и добивање на финални производи. Овие индустриски објекти ќе вработат најмалку 200-300 работници од регионот.

6. Во општина Крива Паланка доделена е концесија за истражување на бакар, злато и други полиметали. Истражувањата ќе завршат во април 2014 година, по што ќе следува подготовка на проектната документација за добивање на концесија за експлоатација и отворање на рудник. Рудникот би започнал со работа во 2016 година, а во истиот ќе се ангажираат најмалку 300 работници.

7.Рудникот за антимон, кој во минатото бил активен планираме да го доделиме под концесија во текот на 2014 година. Рудникот би започнал со работа во 2017 година, а во истиот ќе се ангажираат најмалку 300 работници.

8. Саса – Македонска Каменица Ќе доделиме под концесија нов простор во северозападниот дел за проширување на концесијата и продолжување на векот на работа на рудникот. Новиот дел од рудникот би започнал со работа во 2014 година, а во истиот ќе се ангажираат најмалку уште 70 работници.

9.Боров Дол – Конче-Рудникот е во завршна фаза на истражување и планирано е да се стави во функција на експлоатација во текот на 2017 година, а во истиот ќе се ангажираат најмалку уште 100 работници, со што ќе се обезбеди понатамошен развој на рударството во овој регион.

Рокот и висината на инвестицијата во овие рудници се утврдени согласно договорните и законски обврски на концесионерите, како и согласно финансиските анализи и спецификацијата на планираните активности на истите.

– Работата на овие рудници ќе овозможи стабилен развој и нови вработувања во повеќе краишта во државата. Оваа програма во делот на економијата содржи сеопфатни проекти кои се одговор на потребите на граѓаните. И ние стоиме зад овие проекти. Има разлика и ние сме убедени дека граѓаните ја препознаваат – посочи Делев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top