Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани за „Фокс њус“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е вистински водач.
Говорејќи за кризата во Украина, Џулијани место „да го минира“ Путин, да го игнорира меѓународното право и суверенитетот на независната држава, тој го пофалил рускиот претседател нарекувајќи го вистински водач.
-Путин ќе донесе некоја одлука и ќе ја спроведе во дело. И потоа сите реагираат. Тоа се вика вистински водач – рекол Џулијани додавајќи дека американскиот претседател Барак Обама прво мора добро да размисли, па повторно да промисли, па дури потоа да се советува со другите луѓе…
Иако водителот го прекинал поранешниот градоначалник на Њујорк со реченицата дека потегот на Путин околу Крим бил „површен“, Џулијани не се осврнал на забелешката и продолжил да го фали рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


