| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем со „петарда“ за Сандерленд

Екипата на Тотенхем со пресврт дојде до убедлива победа над Сандерленд со резултат 5-1 во последниот наптревар од 33. коло од Премиер лигата.

Со таа победа екипата од Лондон се врати на позицијата број шест, која носи играње во Европа наредната година. Сандерленд со третиот пораз во низа остана на последното место на табелата со 25 бода, седум помалку од сигурната зона.

Иако Емануел Адебајор беше двоен стрелец, најдобар на натпреварот беше Кристијан Ериксен, кој двапати беше асистент и еднаш се запиша во листата на стрелците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top