| четврток, 6 декември 2018 |

Милан сѐ поблиску до Европа, Јуве до титула

Во последниот натпревар од 32. коло во Серија А, Милан на гости ја совлада екипата на Џенова со 2-1 и така ја врза третата победа во низа со која се доближи до местото што води во европскиот куп.

Стрелци за „росонерите“ беа зимските засилувања Кеисуке Хонда во 56. и Адел Тарабт во 20. минута. Единствениот гол за домаќините во 73. минута е дело на голманот Абијати, кој ја прати топката во сопствената мрежа.

Фудбалерите на Јувентус на домашен терен славеа над Ливорно со 2-0. Со таа победа „старата дама“ се врати на осум бода предност во однос на второпласираната Рома, на само шест кола пред крајот на првенството.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме, а стрелец беше Фернандо Љоренте. Првиот погодок го постигна во 32. минута, а за само три минути подоцна го удвои водството.

Ливорно остана на 18. позиција и му претстои тешка борба за опстанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top