| четврток, 6 декември 2018 |

Ист како Црвенковски: Пендаровски арогантно го навреди Иванов (видео)

Stevo Pendarovski Konvencija SDSM Pretsedatel (17) (Custom)

Очигледно дека покрај гестикулациите, Стево Пендаровски од неговиот политички ментор и гуру Бранко Црвенковски ги наследил и ароганцијата, самобендисаноста и ширењето навреди.

Пендаровски, соочен со фактот дека според сите параметри, анкети, судот на јавноста и на експертите, загуби и беше послаб од претседателот Иванов во дебатата одржана на МТВ, екссоветникот на Црвенковски денеска, обидувајќи се да го оправда својот блед настап, го навреди претседателот Иванов.

– Немав голем ќеф да му одговарам на Иванов, го очекував неговиот политички ментор Груевски да му кажам некои работи бидејќи Иванов е чирак, а газдата е Груевски – рече Прендаровски во изјавата за медиумите.

Со такви изјави и ниското ниво на култура, а пред сѐ со омаловажувањето на своите конкуренти и со ароганцијата која ја демонстрира, Пендаровски, во обид да го копира Црвенковски, само продолжува да остава лош впечаток во јавноста. Ваквиот однос и навреда на Пендаровски кон Иванов не е само навреда кон политичкиот соперник, туку е и тешка навреда кон граѓаните пред кои кандидатите настапија на телевизиската дебата.

Очигледна е сѐ поголемата нервоза на канидатот на Заев и Шекеринска, која е резултат на евидентното немање поддршка во јавноста, која не можат да ја покријат ни лажираните анкети на СДСМ потпишани од непостојни субјекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top