| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирани седум странски државјани во Нигерија

Седум државјани на Велика Британија, Грција, Италија и Либан се киднапирани од градилиште во градот Џамара во северниот дел на Нигерија.

Вооружените киднапери најпрво го нападнале локалниот затвор и запалиле два полициски камиони. Потоа го нападнале градилиштето на компанијата Сетрако при што киднапирале седум работници и го убиле нивниот телохранител. Ова е до сега најголем случај на киднапирање во оваа област која е честа мета на исламски екстремисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top