| четврток, 6 декември 2018 |

Регионалниот совет на Донецк прогласи „Донецка Народна Република“

Donjeck

Пратениците во Регионалниот совет на источноукраинскиот град Донецк денеска прогласија создавање на „Донецка Народна Република“, јави ИТАР-ТАСС.

– Републиката ќе ги воспоставува своите односи во согласност со меѓународното право и врз основа на еднаквноста и земното почитување. Територијата во рамки на признатите граници е неделива и суверена – се наведува во „Декларацијата за државната самостојност на Донецката Народна Република“.

Пратениците се обратија кон рускиот претседател Владимир Путин со барање да испрати привремен мировен контингент во реонот на Донецк.

Пратениците, исто така, донесоа одлука за одржување референдум за влез на регионот во составот на Руската Федерација, не подоцна од 11 мај.

– Овој датум беше усогласен со луганската и со харковската област – изјави еден од учесниците на седницата.
Пред зградата на донецкиот Регионален совет се одржува митинг, а учесниците на него скандираа „Русија, Русија!“. Вчера поставеното руско знаме пред зградата на Советет, денеска беше заменето со уште поголемо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top