| четврток, 6 декември 2018 |

Ни план, ни проекти, само критики и обвинувања – СДСМ на митинг во Скопје

Анемично и без енергија. Тоа е главниот впечаток од централниот митинг на опозициската СДСМ на плоштадот Пела. Најголемата партија во опозицијата дефинитивно потврди дека  главниот адут на овие избори на СДСМ нема да биде  програмата, бидејки СДСМ нема програма.

Лидерот Зоран Заев со безличен настап кој многу наликува на настапите на неговиот претходник  Црвенковски.

Најголемиот дел од својот настап го посвети на обвинувања за недемократија, недостаток на слобода и за потреба за промени. Во неговиот настап можеа да се забележат два слогани кои и предходно беа употребувани од владеачката коалиција „За подобра Македонија“ и од „ За промени во Македонија“ (слоган на ВМРО ДПМНЕ од 1998 година).

Она што беше најкарактеристично во говорот на Заев е неговиот повик за  смена на власта, но тој во обраќањето не кажа кој е неговиот план како ке ја подобри ситуацијата.

Заев ја спомена програмта но не кажа ниту збор за некој негов проект или  реформа. Присутните  не слушнаа ниту што планира СДСМ за  пензионерите, земјоделците, невработените, економијата. Заев даде ветување дека ке ја внесел државата во НАТО и ЕУ без да се смени името, но не кажа како ке го направи тоа.

 

SDSM Kandidati 03

 

За разлика од вчерашнито митинг на ВМРО – ДПМНЕ каде што се говореше за конкретни проекти од програмата на партија вечерва присутните десетина илјади членови и симпатизери на најголемиот митинг на  СДСМ  не слушнаа што планира опозицијата да стори за вработувањата , не беше споменат ниту еден проект за отворање на нови работни места.

Наспроти општите критики на СДСМ и генерализирање за иднината на земјата вчера ВМРО – ДПМНЕ фокусот го насочи на новите 64 илјади работни  места,намалувањето на ДДВ за повеке групи на производи, покачување на пензиите за нови 21,5%, зголемувањето на социјалната помош за  21 % и за други реални проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top