Младинската ракометна репрезентација на Македонија вечерва со победата против Исланд со резултат 21-15 избори пласман на Европското првенство во Австрија.
„Црвено-жолтите“ своето најдобро издание го сочуваа за самиот крај, па вечерва го демолираа фаворизираниот Исланд со убедливи 21-15 за освојување на првото место во групата.
Талески уште еднаш беше предводник на нашиот напад, но Исланѓаните ги добивме благодарение на фантастичната одбрана предводена од голманот Ивановски, кој беше убедливо најдобар чувар на мрежата од четирите селекции на овој квалификациски турнир.
На првите два натпревара од квалификациската група избраниците на селекторот Зоран Петковски постигнаа две победи против Италија 24:22 и против Грција 30:22.
Со овој успех само се потврдува фантастичното реноме на македонскиот ракомет, па така по одличните резултати на сениорите, сега учество на големите натпреварувања обезбедуваат и нашите младинци и кадети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Mаленко го лажел Поп Ацев дека ќе настапи на Европското првенство во Глазгов
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место


