| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанскиот инвеститор „Дијатек“ ќе вложи 10 милиони евра во Македонија

bunargik

Премиерот Никола Груевски на вчерашниот митинг во Скопје најави дека глобален лидер во технологијата за дигитално печатење реши да инвестира во Македонија. Италијанската компанија „Дијатек“ најави дека ќе инвестира во земјава и ќе вложи 10 милиони евра.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакнува дека италијанкиот гигант во петокот ја соопштил одлуката дека ќе инвестира во зоната 1 во Скопје.

-Компанијата од Северна Италија одлуката ни ја соопшти во петокот, а вчера и официјално ја објави на својата страна. Компанијата во Скопје ќе има производствен погон и логистички центар за што ќе вложи 10 милиони евра, а ќе се вработат 200 лица. Производството од фабриката во Македонија ќе биде наменет за Источна Европа и Медитеранот – изјави Мизо.

Директорот Мизо посочува дека оваа инвестиција била договорена по речиси шест месечни преговори, а директорот заедно со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски неколку пати имале директни средби со претставниците од компанијата во Италија, но и во Македонија.

Италијанскиот гигант покрај во Македонија, свои погони има во Германија, Франција, Швајцарија и Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top