
Неинвентивноста и безидејноста на опозициската СДСМ се потврди уште еднаш со тежок кикс при избирањето на името на слоганот под кој ќе ја води кампањата за предвремените парламентарни избори.
„Промени за нов почеток“ всушност е плагијат на два слогана кои ВМРО ДПМНЕ веќе ги има користено во своите кампањи во минатото.
Слоган што го користеше ВМРО ДПМНЕ пред 16 години беше „За промени“, а другиот пред 10 години што ВМРО ДПМНЕ го користеше за претседателските избори „Новото лице на Македонија“.
Слоган, кампања, план – тоа е тоа на кое се концентрирани политичките партии во предизборието. Јасен, конкретен, интересен слоган што лесно се памети, но притоа да ја има вистинската порака и да погоди во целта. Каде треба да биде насочен слоганот?
– Слоганот на една политичка партија треба да биде базиран на детално истражување и проучување на потребите на потенцијалната група гласачи. За една порака да биде ефективна и да донесе гласови таа апсолутно мора да кореспондира со размислувањата и со потребите на целната група. Има партии што, навистина, инвестираат во овој процес и најчесто тие и победуваат на изборите. Има и такви што имаат добар слоган, но, за жал, тој не е базиран на потребите на нивните гласачи и резултатот на изборите најчесто е поразителен за нив – велат домашните стручњаци.
– Слоганот е само дел од кампањата, која, пак, мора добро и стратегиски да се изигра. Тоа му успеа на Никола Груевски во 2006 година со слоганот „Преродба“. Со тој слоган ВМРО-ДПМНЕ, која тогаш беше во опозиција, ја нагласи целата ситуација. Груевски во 2006 година кажа доста е! Македонија стои! Време е за преродба на Македонија, да ја смениме Македонија. Ова не е добро, нудам нешто подобро – вели хрватскиот стручњак за политичка комуникација, Крешимир Мацан за неделникот Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


