| четврток, 6 декември 2018 |

Клиниката за детски болести в понеделник добива „Игротека-библиотека“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 7 април – Светскиот ден на здравјето, во 11 часот, организира отворање на „Игротека-библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести Скопје, во која хоспитализираните деца ќе може да го поминуваат своето време во читање книги. Опремувањето на „Игротека-библиотека“ е донација од Хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје“, која се одржа во октомври 2013 година, на која јавни личности имаа улога на библиотекари и собираа парични средства кои се донираа за Клиниката. Книгите се донации од библиотеката, македонски детски писатели, издавачки куќи, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија и Меѓународното училиште „Нова“.

Библиотеката ќе биде отворена од директорот на Градската библиотека, Бранко Цветкоски, и директорката на Универзитетската клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top