| четврток, 6 декември 2018 |

Еруптираше најактивниот вулкан во Јужна Америка: исфрла пепел на 10 километри во воздух

Вчера во Еквадор изби ерупција на вулканот Тунгурахуа од кој по две силни експлозии изби огромно количество лава, стопени камења и пепел, кои под притисок се издигнаа до десет километри над кратерот.

Брзата река течела од северното и северозападното подрачје на вулканот, а еквадорските стручњаци будно ја следат состојбата бидејќи и натаму продолжува тресењето на земјата. Исто така, вчера биле забележани пет експлозии со умерена јачина.

Вулканот Тунгурахуа е активен од 1999 година, а најсилната експлозија се случи во 2006 година кога загинаа пет лица, а две исчезнаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top