| четврток, 6 декември 2018 |

За изборите се акредитирале 3.292 домашни и 265 странски набљудувачи

lokalni-izbori2-glasanje03

За следење на претседателските и на предвремените парламентарни избори досега се акредитирани 3.292 домашни и 265 странски набљудувачи, како и 213 преведувачи.

Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), НВО МОСТ досега акредитирала 1.777 набљудувачи, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 1.500, Здружението на граѓани Центар за развој на медиумите – Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 41 набљудувач и 146 преведувачи, ОБСЕ 91 набљудувач, амбасадите на САД – 27 набљудувачи и 54 преведувачи, на Словенија – четворица, на ЕУ – 27 набљудувачи, на Шведска и на Италија по 12, на Турција – 11, на Бугарија – шест, на Косово – пет, на Хрватска, на Кина и на Словачка по двајца набљудувачи, на Полска, на Грција, на Австрија и на Шпанија по тројца, на Холандија – шест набљудувачи и двајца преведувачи, на Србија и на Катар по еден.

Барањето за акредитација до ДИК за претседателските избори заврши, додека за парламентарните избори според роковникот на Комисијата е до 22 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top