| четврток, 6 декември 2018 |

Летерман догодина оди во пензија

devid lettermen

Легендарниот американски телевизиски водител Дејвид Летерман најави дека в година ќе оди во пензија.

Тој го најави тоа на своето шоу, објави американската телевизија „Си-Би-Ес“.

Летерман следната година ќе наполни 67 години, а тој има своја емисија од 1993 година на истоимениот канал. Претходно имаше шоу на ривалската мрежа „Ен-Би-Си“.

Својата кариера ја почнал во 1978 година, а во кариерата добил бројни награди, меѓу кои и за своето шоу на „Си-Би-Ес“.

Летерман им се заблагодари на сите со кои соработувал, како и на членовите на своето семејство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top