Јагнула Куновска, кандидатот за градоначалник на општина Карпош е задоволна што ќе има противкандидат од редовите на СДСМ, бидејќи Стевчо Јакимовски прифати да се кандидира за градоначалник на оваа скопска општина.
– Тоа е показател дека погубната политика на Бранко Црвенковски не е прифатена ниту од членовите на СДСМ , ниту од другите опозициски партии. Оваа одлука има дополнително значење бидејќи доаѓа од претседателот на Градската организација на СДСМ во Скопје. Неговото учевство во изборната трка за општина Карпош е придонес кон демократски избори и подобра понуда , пред се за граѓаните на Карпош, а потоа и за цела Република Македонија- рече Куновска.
– Во мојата програма е предвидена изградба на локален зелен пазар на крстосницата во Злокуќани кон Бардовци. Наместо досегашното пазарење во несоодветни услови, ќе овозможиме изградба на нов зелен пазар кој ќе биде соодветно уреден, за кој ќе се изгради паркинг простор и на тој начин ќе може да се пазари во соодветни услови. Како нова општинска власт за оваа намена Општина Карпош ќе обезбеди средства од над 30 милиони денари, – додаде Куновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.