| четврток, 6 декември 2018 |

Ева Лонгорија ќе се кандидира за градоначалник

Глумицата Ева Лонгорија реши да се проба во политиката. Како што пренесува магазинот „Фимејл Фрст“ таа планира да се кандидира за градоначалничка на Сан Антонио.

– Ева сака да почне со помали работи. Ќе се кандидира за градоначалик на Сан Антонио, а во наредните две години посакува место во Сенатот- вели извор близок до глумицата.

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ побара и совет од нејзиниот пријател и колега Џорџ Клуни, кој ја советувал дека политичкиот свет е многу сериозна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top