Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски, вечерва во отвореното студио пред почетокот на митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Кичево, зборуваше за инвестициите во патната инфраструктура и нивното значење за Македонија.Тој потенцираше дека она што сега се прави во однос на патната инфраструктура е доста голем предизвик и инвестициски бум и не се направило во претходните 40 години. Додаде и дека во овој момент се градат преку 132 километри автопати, од кои што едниот автопат е Кичево- Охрид со должина од 57 километри, Миладиновци-Штип кој што е со 47 километри и Демиркапија-Смоквица со должина од 28 километри.
-Тимот предвден од претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов се покажа како одлична комбинација за да се добие овој поволен заем од кинеската банка, за да денес говориме за реализација на овие автопати. Градбата на автопатите и договорт што беше склучен со кинескиот изведувач е ангажирање на минимум 49 отсто македонски компании, што во овој момент директно значи дека во самата градба ќе бидат вклучен македонски компании, додаде Георгиевски.
Подвлече и дека, Јавно претпријатие за државни патишта се концентрира и на рехабилитација на поголем број на патни правци во Македонија и додаде дека и во наредниот период ќе продолжат со истото темпо.
-Веќе се работи на проекти за промена на асфалтот и ставање нов на повеќе делници. Одпочнуваме некаде во средината на оваа година делот од Велес- Катланоиво, следува од Миладиновци до Куманово и назад во двата правци и делот кај Неготино. Меѓутоа се работи и на проекти како што е рехабилитација на постојната патна инфраструктура од Битола до Охрид, делот од Маврово- Дебар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Георгиевски: Како тоа Бугарија 25 години молчи на политиката на грчкото монополизирање на името Македонија?
-
Георгиевски: Богоевски има мрачна улога во македонската политика, токму тој е пријател и соработник на Кондоминас
-
ДИК ќе ги врачи уверенијата за пратеници
-
Средба на Мендух Тачи и Никола Груевски


