| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски: Како тоа Бугарија 25 години молчи на политиката на грчкото монополизирање на името Македонија?

Во последно време зачестија изјави од бугарски политичари и аналитичари дека Бугарија нема да прифати име со географска одредница која ги загрозува нивните интереси, напиша денеска на својот фејсбук-профил Љубчо Георгиевски реагирајќи на изјавите на поранешниот и актуелниот бугарски претседател Георги Прванов и Румен Радев.

– Овој тип на притисок е непринципиелен затоа што се изнесува по 25 години откако е почнат спорот и влегува во завршница. А исто така доаѓа по потпишувањето на договорот за пријателство што во Македонија веќе е примен како уцена и наметнат договор. Конечно, која било географска додавка помалку ја загрозува Бугарија од полното име Македонија што тие први во светот го признаа (нека ги прочитаат аргументите на Грците, важат и за нив). Како тоа 25 години молчат на политиката на грчкото монополизирање на името Македонија, напиша Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top