Со парада и со свечена седница во Собранието денеска во Приштина ќе се одбележи пет годишнината од независноста на Косово.
На плоштадот „Мајка Тереза и Захир Пајазити“, во центарот на Приштина, попладнево ќе продефилираат припадниците на безбедносните сили и косовската полиција. Се очекува на плоштадот да има обраќање претседателот на Косово, Атифете Јахјага и на премиерот, Хашим Тачи. Потоа треба да има седница на Собранието на Косово, каде што ќе говорат Јахјага, Тачи и претседателот на Парламентот, Јакуп Красниќи.
Концертот на којшто ќе настапат најпознатите солисти и музички групи на Косово ќе почне во 20 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, а потоа со огномет ќе се означи крајот на манифестацијата по повод петгодишнината од прогласувањето независност на Косово.
Косово прогласи независност со Декларација за независност, која на 17 февруари 2008 година со акламација ја усвои косовскиот Парламент. Таму се наведува дека независно Косово ќе биде „посветено на мирот и стабилноста“, а косовската држава ќе биде „формирана врз основа на планот на Марти Ахтисари“.
До денес Косово официјално е признаено од страна на 98 земји-членки на Обединетите нации, како и од страна на 22 земји-членки на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации