| четврток, 6 декември 2018 |

Поезија од Раде Силјан на унгарски

rade siljan

“Огледало на вековите” од современиот македонски поет Раде Силјан е објавена на унгарски јазик во издание на издавачкаа куќа “Аб – Арт “ во Печуј, Унгарија.

Изборот и препевот на унгарски јазик ги направи познатиот унгарски поет Атила Балаж.

Раде Силјан е автор на тринаесет стихозбирки, на девет книги од областа на критиката и есеистиката и на десет антологии од македонската драма, расказ, поезија и критика. Приредил дваесетина повеќетомни избори од творештвото на истакнати македонски писатели, како и јубилејни изданија на значајни дела од нашето книжевно наследство.

Добитник е на книжевни награди и признанија во Република Македонија и во странсво, а негови дела се објавени на англиски, албански, бугарски, бошњачки, грчки, романски, чешки, полски, италијански, романски, руски, унгарски, српски, влашки и турски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top