Дел од централното подрачје на Скопје денеска од утрово па до 15 часот ќе биде без вода поради дефект.
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје по добиената најава од ЈП „Водовод и Канализација“ соопшти дека поради уличен дефект на раскрсницата помеѓу ул. „Македонија“ и ул. „Димитрија Чуповски“, ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од овие улици од 9 до 15 часот.
Раскрсницата кај ТЦ „Палома Бјанка“ ќе биде затворена за сообраќај од семафорот до пред Собранието, автобускиот сообраќај на Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде пренаменет преку улицата Даме Груев од запад кон исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со среќа новата учебна година: Општина Центар вратете ни ги тротоарите и исчистете ги улиците!
-
Општина Центар го урива Урбан парк на Јужен булевар, полицијата ги иселува дивовселените
-
Паника во Романија, се случи инцидент во нуклеарна централа
-
Без вода утре корисници од неколку улици во општина Центар


