| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од општина Центар до попладне без вода

Дел од централното подрачје на Скопје денеска од утрово па до 15 часот ќе биде без вода поради дефект.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје по добиената најава од ЈП „Водовод и Канализација“ соопшти дека поради уличен дефект на раскрсницата помеѓу ул. „Македонија“ и ул. „Димитрија Чуповски“, ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од овие улици од 9  до 15 часот.

Раскрсницата кај ТЦ „Палома Бјанка“ ќе биде затворена за сообраќај од семафорот до пред Собранието, автобускиот сообраќај на Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде пренаменет преку улицата Даме Груев од запад кон исток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top